Трамп: „Се согласија“

14.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп: „Се согласија“

„Сега имаме најсилна граница, најдобра берза и најголем успех што нашата земја некогаш го видела, а патем, ја имаме и Исламската Република Иран, која се согласи никогаш да нема нуклеарно оружје, а Ормутскиот теснец наскоро ќе биде отворен“, рече Трамп во објава на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Како што додаде, цените на бензинот нагло ќе паднат, а куповната моќ ќе биде далеку поголема отколку што покажаа бројките од годините на администрацијата на неговиот претходник Џозеф Бајден, обележани со рекордна инфлација.

Трамп претходно во саботата објави дека денес треба да се потпише нов договор меѓу Вашингтон и Техеран и оцени дека документот ќе му оневозможи на Иран да добие нуклеарно оружје, најавувајќи дека по неговото потпишување, Ормутскиот теснец ќе биде отворен за меѓународен сообраќај.

Од друга страна, Иранската исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) синоќа објави дека договорот меѓу Иран и САД нема да биде потпишан денес, отфрлајќи ги претходните тврдења на американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека неговото инсистирање на тој рок претставува притисок врз иранскиот преговарачки тим.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата