Редици за гориво на автопатот Москва-Санкт Петербург (ВИДЕО)

16.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Редици за гориво на автопатот Москва-Санкт Петербург (ВИДЕО)

Двата клучни руски града неодамна ги воведоа првите ограничувања за продажба на бензин, дел од огромниот недостиг што сега погоди повеќе од 25 руски региони, објавува независниот медиум „Москва тајмс“.

Иако украинските напади систематски ги уништуваат руските рафинерии за нафта со месеци, ситуацијата сега влезе во сосема нова фаза. Недостатокот за прв пат се прелеа во двата најголеми и политички најважни градови во земјата, директно влијаејќи на животниот стандард на обичните граѓани.

На социјалните мрежи циркулира видео кое наводно прикажува ред за гориво на автопатот помеѓу Москва и Санкт Петербург, родниот град на рускиот претседател Владимир Путин.

Како што открива извештајот на „Блумберг“, со нападите врз рафинериите, Киев сака да ги исуши изворите на финансирање за руската воена машинерија и во исто време да ги скрати крилјата на Москва за да не профитира од скокот на цените на нафтата предизвикан од војната во Иран. Украинските беспилотни летала само во мај 16 пати нападнаа руски рафинерии, при што беа погодени осум од десетте најголеми објекти во земјата. Вкупно се регистрирани најмалку 30 напади врз руската нафтена инфраструктура, што е месечен рекорд од почетокот на целосната инвазија.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата