Во интервју за популарната серија „Hot Ones“, Блант откри дека нејзиниот лик во филмот доживува необична трансформација и во еден момент почнува да зборува на јазик што не е човечки.

Иако продукцијата можела да користи вештачка интелигенција за да создава звуци и гласовни ефекти, актерката одлучила сè да сними на традиционален начин.

„Постојат неколку начини да се направи тоа. Можевме да го користиме патот на вештачката интелигенција, но тоа малку ме плаши“, рече Блант.
Наместо тоа, таа самата снимила разни звуци - од кликања и мрморења до необични воздишки и гласовни ефекти. Како што објасни, подоцна еден дизајнер на звук ги користел овие снимки за да го создаде уникатниот звук што се слуша во филмот.

Филмот е режиран од легендарниот Стивен Спилберг, а заплетот го следи телевизискиот метеоролог од Канзас Сити кој, за време на пренос во живо на временската прогноза, доаѓа во контакт со мистериозна вонземска сила. „Disclosure Day“ излегува во кината на 12 јуни и го означува 37-миот игран филм во режисерската кариера на Спилберг.

