Арнолд Шварценегер наскоро полни 80 години, па сепак не запира- најави нов филм

4.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арнолд Шварценегер наскоро полни 80 години, па сепак не запира- најави нов филм

Откако неодамна се врати за две сезони од акционата серија на Нетфликс, ФУБАР, во која глуми заедно со ѕвездата од „Топ Ган: Маверик“, Моника Барбаро, Шварценегер веќе подготвува нов проект.

Иако публиката со децении дебатира за неговата најпозната улога, многумина ќе се согласат дека станува збор за научно-фантастичниот класик од 1984 година, филмот што ја лансираше една од најуспешните акциони франшизи на сите времиња.

Нов криминален трилер за „Прајм Видео“

Шварценегер ќе ги здружи силите со Лиам Хемсворт во новиот криминален трилер „Келис“, за кој правата ги обезбеди „Амазон МГМ“. Филмот нема да има кино-дистрибуција, туку ќе биде објавен на стриминг услугата „Прајм Видео“.

Заплетот следи еден посрамен њујоршки полицаец чија сопруга е киднапирана од терористи. За да ја спаси, тој е принуден да побара помош од своето семејство.

Режисер е Бред Пејтон, познат по соработката со Двејн Џонсон на филмовите „Rampage“ и „San Andreas“ и по научно-фантастичниот филм „Atlas“, кој го режираше за Netflix минатата година.

Премиерата се очекува најрано следната година

Доаѓањето на филмот „The Kellys“ се очекува најрано кон крајот на следната година, иако не е исклучено премиерата да биде поместена за 2028 година. Во меѓувреме, Шварценегер продолжува да работи на нови проекти, потврдувајќи дека нема планови да ја напушти филмската индустрија.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата