Трамп изнесе обвинувања за однесувањето на италијанската премиерка за време на претходните состаноци, но и за воените и логистичките одлуки во Рим кои, според него, им наштетиле на американските интереси.
„Италијанската премиерка Џорџија Мелони постојано бараше да се фотографира со мене за време на состанокот на Г7 во Франција. Таа е во лоша состојба со нејзиното ниво на популарност во Италија, веројатно затоа што ги одби Соединетите Американски Држави - земја која навистина ја сака и ја штити Италија - кога беше потребно да се спречи Иран да добие или развие нуклеарно оружје (но, патем, така направи и НАТО!)“ - изјави Трамп.
Тој особено нагласи дека Италија одби логистичка поддршка на американската војска во клучен момент.
„Тие дури и не ни дозволија да ги користиме италијанските аеродромски писти, што ни создаде огромни логистички непријатности. „И сето ова и покрај фактот дека Соединетите Американски Држави издвојуваат стотици милијарди долари годишно за да ја заштитат Италија и другите таканаречени сојузници на НАТО“, напиша Трамп.
Тој заклучи дека официјален Вашингтон постигнал воена победа во спорот со Техеран без помошта на Рим и дека сега нема простор за обновување на односите под старите услови.
„Сега, откако САД воено го победија Иран, сакаат повторно да бидеме пријатели за да го подобрат својот рејтинг. Не, благодарам!“, рече Трамп.

