Директни преговори под услов: Кремљ бара средба во Москва, Украина сака меѓународни медијатори

5.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Директни преговори под услов: Кремљ бара средба во Москва, Украина сака меѓународни медијатори

Во отворено писмо од 1.800 зборови, Зеленски го повикува на директна средба лице в лице, зашто како што рече, погрешно е уште да се чека. Со одредена доза на потсмев, тој му пишува на Путин дека неговата возраст почнува да го зема својот данок и му предлага средба во неутрална земја сугерирајќи на Швајцарија и во Турција.

-Гледаме дека Соединетите Американски Држави го посветуваат целото свое внимание на прашањето за Иран и погрешно е едноставно да се чека нивното внимание да се сврти кон војната во Европа. Украина предлага да се заврши војната во формат меѓу мене и вас. Ви нудам средба. , пишува Зеленски во писмото до Путин.

Кремљ експресно му возврати, дека ако сака средба Зеленски може да дојде во Москва, нешто што украинскиот лидер досега категорично го одбиваше. Дека е подготвен за преговори, вчера зборуваше и самиот Путин, но како што порача, единствено под добро позната рамка од Аљаска, која предвидува Украина да се повлече од четирите региони под руска окупација. Изрази сомнеж и во легитимитетот на Зеленски.

-Прашање е дали украинската страна е подготвена за компромиси. И дали Зеленски е воопшто е легитимен претставник на Украина? Тоа е прашање за правниците и за детална правна анализа. , вели Владмир Путин, претседател на Русија.

Трамп ја поздрави иницијативата и изрази надеж дека двете страни се подготвени за компромиси.

-Мило ми е што зборуваат за средбата. Мислам дека влијаевме на неа. Мислам дека би било одлично ако се сретнат. Треба да го завршат. , вели Доналд Трамп, претседател на САД.

Украинците претежно скептични на писмото на својот на претседател, но велат преговорите мора некогаш да се случат.

 -Ова писмо не вреди ништо. Како ќе запре војна, кога некои барања се неразумни. На Русија и треба цела Украина. Ако сака Зеленски нека напише и 100 писма. , вели жител на Киев.

-Од аспект на дипломатијата, писмото има голема тежина, но мислам дека повеќе е упатено до западниот свет отколку до Владимир Путин. , вели жител на Киев.

Од почетокот на војната се одржаа неколку рунди преговори, во Истанбул, Женева, Абу Даби, но сите пропаднаа во најголем дел поради територијалните прашања.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата