Во САД почнаа со гафовите: Ја погрешија химната на Аргентина!(ВИДЕО)

7.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во САД почнаа со гафовите: Ја погрешија химната на Аргентина!(ВИДЕО)
ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/

Крајно необична ситуација го одбележа пријателскиот натпревар на аргентинската репрезентација против Хондурас, одигран во Тексас, откако организаторите направија сериозен пропуст. Додека играчите на двата тима беа наредени на теренот на стадионот „Кајл Филд“ и ги чекаа официјалните химни, сè изгледаше дека е според планот. Откако беше свирена химната на Хондурас, ред беше Аргентинците да ја слушнат својата. Наместо тоа, од звучниците изненадувачки се огласи почетокот на популарниот кумбија хит „Bombón Asesino“ од легендарната аргентинска група Los Palmeras. Грешката предизвика збунетост и кај играчите и кај навивачите на трибините. Играчите на светскот првак беа видливо изненадени од она што се случуваше, а некои од нив не можеа да ги сокријат своите насмевки. Камерите ги забележаа љубопитните реакции на аргентинските репрезентативци. Некои од играчите разменија насмевки и збунети погледи додека чекаа ситуацијата да се поправи.
Моментот брзо привлече внимание на социјалните мрежи, каде што навивачите почнаа да коментираат за грешка на организаторите. По неколку секунди конфузија, организаторите сфатија што се случило и веднаш ја запреа музиката. Малку подоцна, од системот се огласи скратена верзија на аргентинската национална химна.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата