ФИФА одлучи: При интонирањето на химните на Мундијалот, сите репрезентативци ќе бидат на терен

5.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ФИФА одлучи: При интонирањето на химните на Мундијалот, сите репрезентативци ќе бидат на терен

Новитет во церемонијата пред стадтот на мечевите од претстојниот Мундијал во САД, Мексико и Канада.

ФИФА одлучи да ги промени правилата при протоколот, и за време на интонирањето на химните пред секој меч, на терен нема да бидат само оние репрезентативци кои што се дел од стартниот тим туку и резервите.

Поточно, сите 26 репрезентативци ќе стојат пристум на терен за време на интонирањето на химните, што дополнително ќе ја разубави атмосферата.

ФИФА најави и новитети во поглед на билдање на атмосферата со разноврсни кореографии, факели и слично, нешто што веќе го има во американските спортови.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата