Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, потврди дека Лионел Меси и поголемиот дел од актуелните шампиони ќе бидат во составот за Светското првенство во 2026 година, и покрај низата повреди пред истекот на рокот на ФИФА.
Меси, кој наскоро ќе наполни 39 години, е предводник на списокот од 26 играчи објавен од Аргентинската фудбалска асоцијација. Во тимот се вклучени и 17 фудбалери кои ја освоија титулата пред четири години со победа против Франција во Катар.
Ова ќе биде шесто Светско првенство за Меси, по настапите во Германија во 2006 година, Јужна Африка во 2010 година, Бразил во 2014 година, Русија во 2018 година и Катар во 2022 година. Скалони го вклучи и голманот Емилијано Мартинез, кој го скрши десниот прст минатата недела во финалето на Лигата на Европа, во кое Астон Вила го победи Фрајбург.
Кристијан Ромеро, кој се опоравува од повреда на колатералниот лигамент на десното колено, и дефанзивците Нахуел Молина и Гонзало Монтиел, кои се рехабилитираат од повреди на мускулите, исто така добија покана.
Голмани: Емилијано Мартинез (Астон Вила), Жеронимо Руљи (Марсеј), Хуан Мусо (Атлетико Мадрид).
Одбрана: Леонардо Балерди (Марсеј), Николас Таљафико (Лион), Гонзало Монтиел (Ривер Плата), Лисандро Мартинез (Манчестер Јунајтед), Кристијан Ромеро (Тотенхем), Николас Отаменди (Бенфика), Факундо Медина (Марсејл Мадрид), Нахуел Молина (Атлетико Мадрид)
Среден ред: Леандро Паредес (Бока Јуниорс), Родриго Де Пол (Интер Мајами), Валентин Барко (Стразбур), Џовани Ло Селсо (Реал Бетис), Ексекиел Паласиос (Баер Леверкузен), Алексис МекАлистер (Ливерпул), Енцо Фернандез (Челзи).
Напад: Лионел Меси (Интер Мајами), Хулијан Алварез (Атлетико Мадрид), Нико Гонзалез (Атлетико Мадрид), Тиаго Алмада (Атлетико Мадрид), Џулијано Симеоне (Атлетико Мадрид), Нико Паз (Комо), Хозе Мануел Ламеро Милано).

