Путин повторно се сретна со Кинезот кого го запознал како дете пред 26 години

20.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Путин повторно се сретна со Кинезот кого го запознал како дете пред 26 години

 Нивната прва средба се случила во 2000 година за време на државната посета на Путин на Кина, кога тој позирал за фотографија со тогаш младиот Пенг Пај, сега инженер, во паркот Беихај во Пекинг.

„Од момче се претворив во дебел маж“ „Би сакал да му кажам на претседателот Путин, морам да кажам дека вие сте шармантен како што бевте тогаш, додека јас од момче се претворив во дебел маж на средна возраст“, ​​рече Пенг во видео објавено од кинеските државни медиуми.

„Не можев ни да замислам дека ќе имам можност повторно да го сретнам. Навистина е неверојатно“, додаде Пенг. Тој се сети како рускиот претседател го кренал од ограда во паркот за фотографија. „Пред да се збогува, нежно ме бакна на челото. Ова се сцени на кои што сè уште живо се сеќавам денес“, опиша тој.

Минатата година, „Раша Тудеј“, руска државна телевизија, покрена иницијатива за пронаоѓање на  Пенг на кинеската платформа за социјални медиуми „Веибо“, велејќи дека би било „навистина значајно“ да се пронајде момчето на фотографијата направена во 2000 година.

Објавата предизвика вирална потрага и Пенг беше пронајден неколку дена подоцна. Оттогаш стана инженер и магистрираше на универзитет во Москва. Тој им изјави на кинеските медиуми дека неговиот избор на насока делумно бил под влијание на неговата кратка средба со Путин.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата