Првиот човек на СЗО: Ебола не привлече внимание како хантавирусот, а не смее да се потцени

22.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Првиот човек на СЗО: Ебола не привлече внимание како хантавирусот, а не смее да се потцени

Би било грешка да се потцени ризикот што го претставува епидемијата на ебола, изјави денес за Ројтерс регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Африка, предупредувајќи дека само еден случај на инфекција би можел да го прошири вирусот надвор од Демократска Република Конго и Уганда.

„Би било голема грешка ако го потцениме, особено со сојот на вирусот бундибугио, за кој немаме вакцина“, рече Мохамед Јакуб Џанаби во интервју во седиштето на СЗО во Женева.

„Затоа, навистина би сакал да ги охрабрам сите да си помагаат едни на други. Можеме да го ставиме ова под контрола“, рече тој.

Тој додаде дека епидемијата на ебола во Конго привлече релативно малку глобално внимание во споредба со епидемијата на хантавирус овој месец, која ги погоди патниците на луксузен крузер од 23 земји, вклучувајќи ги и големите сили.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата