Маурицио Сари се договорил со Аталанта, Наполи преговара со Италијано

22.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Маурицио Сари се договорил со Аталанта, Наполи преговара со Италијано
фото: Repubblica Roma @rep_roma (X)

Маурицио Сари е многу блиску до назначување за нов тренер на Аталанта, додека  Винченцо Италијано би можел да го преземе кормилото на Наполи.

Според новинарот Николо Скира, преговорите меѓу Сари и клубот од Бергамо се во завршна фаза. Се очекува 67-годишниот Италијанец, кој моментално работи во Лацио, да потпише договор до летото 2029 година, со плата од 3,5 милиони евра годишно.

Наполи, од кој заминува Антонио Конте, е заинтересиран да го потпише Италијано. Двете страни се во преговори, а тренерот на Болоња е подготвен на договор до летото 2028 година со опција за продолжување до 2029 година.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата