Интер Мајами победи во луд натпревар со десет гола, но го загуби Меси (ВИДЕО)

25.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Интер Мајами победи во луд натпревар со десет гола, но го загуби Меси (ВИДЕО)

Интер Мајами ја победи Филаделфија J. со 6-4 во историски натпревар од регуларната сезона. Натпреварот понуди невидена фудбалска лудост и влезе во аналите на лигата со првото полувреме со најмногу голови во историјата, кое заврши со шокантен нерешен резултат 4-4. Голем херој за домаќините беше Луис Суарез, кој постигна хет-трик (29′, 44′ и 81′).

Големата радост за домаќините, сепак, беше засенета во 73-тата минута кога Лионел Меси, кој имаше направено две асистенции на натпреварот, неочекувано побара замена и се упати директно кон соблекувалната, а најверојатна причина беше повредата што ја претрпе. Засега нема дополнителни информации.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата