Тукушто завршениот Серија А шампионат во моментов е во очигледно тотална реконструкција. По сите основи. Голем дел од екипите ќе ги менуваат тренерите, затоа што очигледно се незадоволни од она што се случуваше периодов.
Па така, сеуште не се знае судбината на многумина во Милан и во Јувентус, два гиганта кои што нема да играат Лига на Шампиони, но затоа пак се знае начелно што ќе се случува во Рим односно Бергамо.
Тимот на Лацио му се заблагодарува на искусниот Мауруцио Сари и тој си заминува од тренерското место таму за истото да му го одстапи на Џенаро Гатузо, сега веќе поранешниот селектор на Италија.
Од друга страна пак, Сари според италијанските медиуми автоматски заминува во Бергамо и ја презема екипата на Аталанта која што му вели „благодарам“ на Рафаеле Паладино

