Средбата, која претходно беше одложена поради војната со Иран, се очекува да биде насочена кон трговските односи, состојбата во Персискиот Залив, енергетската безбедност и прашањето на Тајван..
Трамп кој доаѓа во Пекинг прв пат по девет години најави дека ќе побара од кинескиот колега Си Џинпинг да ја отвори Кина за американските компании, а со себе носи моќна делегација, предводена од првите луѓе на Тесла и на Епл, Илон Маск и Тим Кук..
Иако претходно, Вашингтон најави дека Трамп има намера да изврши притисок врз Кина, да го искористи своето влијание врз Техеран и да го принуди на договор, Трамп пред патувањето рече дека не им е потребна помош за кризата на Блискиот Исток..
Граѓаните на Пекинг велат дека немаат големи очекувања од неговата посета..

