Лавров: Ништо реално не се случува во односите меѓу САД и Русија

13.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лавров: Ништо реално не се случува во односите меѓу САД и Русија

Освен редовниот дијалог, што е нормално во комуникацијата меѓу луѓето и државите, сè друго е истата политичка линија што ја почна Џо Бајден.

Сите санкции што ги усвои против Русија остануваат во сила. Покрај тоа, владата на Доналд Трамп, исто така, усвојува свои иницијативи за казнување на руската економија, изјави Лавров за телвизијата РТ Индија..

Тој нагласи дека Москва го почитува фактот што Трамп почна дијалог со Русија и со претседателот Путин, додавајќи дека комуницирале и министрите за надворешни работи, а имало и средба меѓу специјални советници..

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата