За Елмас само 15-тина минути: Наполи го декласира Кремонезе!

24.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
За Елмас само 15-тина минути: Наполи го декласира Кремонезе!
ФОТО:facebook.com/SSCNapoli/

Вечерва во меч од 34.коло во Серија А, Наполи на “Марадона“ под Везув со убедливи 4:0 успеа да го победи Кремонезе. Нашиот Дијамант Елиф Елмас и овој меч го почна од клупата за резерви, а во игра влезе во 75.минута место Кевин де Брујне, и во тие 15-тина минути не успеа да дојде до шанса за гол а уште помалку до гол.

Наполи победи со 4:0, а реално требаше да биде барем двојно повеќе, МекТоминеј во финишот не успеа да реализира и пенал, а домашните имаат барем уште 4-5 зицери.

Кремонезе едноставно немаше сила да му се спротистави на сеуште актуелниот шампион.

Стрелци на головуте беа МекТоминеј во 3.минута, потоа Хојлунд во 45.мнута стрелаше за 2:0. На пауза се замина со 3:0 за Наполи и тоа со голот на Де Брујне во 45+3.минута.

Во продолжение од средбата Наполи креираше уште неколку шанси, а Сантос во 52.минута ги постави конечните 4:0.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата