Бетис во 90+4.минута му “украде“ два бода на Реал!

24.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бетис во 90+4.минута му “украде“ два бода на Реал!
ФОТО:facebook.com/realbetisbalompie/

Бетис – Реал Мадрид 1:1 е исходот од мечот од 33.коло во Ла Лига кој се одигра вечерва во Севиља на “Картуха“. Се играше 90+4.минута а резултатот беше 0:1, и тогаш Бељерин успеа да постигне гол за конечни 1:1, за еуфорија кај домашната публика и со тоа му „украде“ два бода на гигантот од Мадрид.

Па така сга “кралевите“ имаат -8 бода во однос на лидерот Барселона, но и меч повеќе. По овој меч повеќе од јасно е дека и втора сезона по ре титулата во Ла Лига ќе оди во Каталонија.

Гостите добро го почнаа мечот, веќе во 17.минута имаа и водство со голот на Винисиус. Имаа и шанси за да го решат мечот, но сепак на крајот останаа без победа и тоа откако примија гол во четвртата минута од судиското продолжение.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата