Нема веќе дилеми. Реал Мадрид е решен во летниот преоден рок да го ангажира веројатно најдобриот фудбалер во светот во моментов. Има намера да урива трансфер – рекорди. Па така во Минхен владее голема паника по најновите информации што се појавија. Имено, Реал Мадрид започна со подготовки за испраќање понуда во износ од 175 милиони евра на адресата на Баерн за Мајкл Олисе. Понудата ќе биде испратена ова лето, откако ќе се отвори преодниот рок, а прашањето е каква е желбата на Французинот, да остане во Минхен или да оди во Мадрид. Олисе се истакна во победата на Баерн против Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а неговиот дриблинг и креативност беа постојана закана.
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, го гледаше овој натпревар од трибините и беше очигледно воодушевен од магијата на одличниот Французин. Дури и огромната цена не е пречка за Реал Мадрид, кој има пари и кој го сака Олисе во својот тим по секоја цена. Сепак, прашањето е што ќе каже Баерн, кој сигурно прво ќе разговара со играчот за да ги слушне неговите желби. Олисе моментално има договор со Баерн до летото 2029 година и во тој поглед се во многу добра позиција. Сепак, доколку играчот изрази желба да оди во Реал Мадрид, тогаш Баерн не би се двоумел многу бидејќи најлошото е да има незадоволен играч во тимот.

