Во соопштението се наведува дека поради ризик од силен ветер и удари на гром, биле одложени летови на три аеродроми во областа на Њујорк – „Ла Гвардија“, „Џон Ф. Кенеди“ и аеродромот „Њуарк“ во Њу Џерси, на Националниот аеродром „Роналд Реган“ во Вашингтон, на аеродромите во Шарлот и Атланта како и на аеродромот „Џорџ Буш“ во Хјустон.

Сајтот за следење летови „FlightAware“ објави дека до 21 часот по средноевропско време се одложени повеќе од 8.500, а околу четири илјади целосно откажани.
Американските власти им издадоа наредба на федералните службеници во областа на Вашингтон од 19 часот по средноевропско време да ги напуштат работните простории, заради опасност од невремето.

