Интернет-продавницата Temu стана вистински глобален хит речиси преку ноќ.
Поради исклучително ниските цени и огромниот избор – од производи за домаќинство и облека до најразлични гаџети и играчки, оваа платформа секојдневно привлекува милиони купувачи ширум светот, вклучително и од Србија и Хрватска.
Сепак, со растот на популарноста, растат и приказните од разочарани корисници. Сѐ повеќе луѓе сфаќаат дека „ниската цена“ често доаѓа со скриен детал – кој многумина едноставно не го прочитале.
Една корисничка го сподели своето искуство кое го насмеа интернетот, но не и неа во тој момент.
– Да, беше евтино, 14,95 евра, но не ни прочитав дека се работи за комплет за правење чанта, а не за готов производ – призна таа подоцна.
На социјалните мрежи се појавуваат слични искуства:
– Мислев дека нарачувам базен, ми стигна заштитна церада.
– Нарачав слатка жаба со чадор за двор, добив – само фотографија.
– Очекував рачен часовник, а во пакетот имаше само каиш.
– Ми стигна пружина за лулашка, целата куќа ми се смееше.
Во поголемиот дел од случаите, Temu всушност не направил никаква грешка. Купувачите едноставно пребрзо кликнале, без внимателно да го прочитаат описот, пренесува „Биз портал“.
@paulagrabar2 RUČNI RAD 🫠🤦🏼♀️ #temu #torbica ♬ OG THE PASTELS - Kneely_Knight