Германецот Марк е „пола машко, пола женско“: „Јас сум обичан маж кои сака да носи здоништа и високи потпетици“

7.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германецот Марк е „пола машко, пола женско“: „Јас сум обичан маж кои сака да носи здоништа и високи потпетици“

Отсекогаш ми се допаѓаше начинот на кој се облекуваше. Носеше пенсил-здолништа и бели блузи. Помислив: 'Па, можам тоа да го направам со машка кошула и сè уште да ја задржам машкоста'. Мислам дека облеката треба да биде родово неутрална“, вели Марк Брајан (61), инженер по роботика од Тексас, САД, кој со семејството живее и работи во Германија.

Хибридната личност на Марк Брајан јавноста ја запозна пред неколку години. Стана интернет сензација откако неговите фотографии се појавија на социјалните мрежи. Неговите модни комбинации се единствени, многу смели и интересни. Иако неговиот изглед е малку необичен според општо прифатените стандарди, тоа што го носи, некако му стои добро.

Минатата година се појави и на Париската модна недела. Го нарекоа модна ѕвезда, а по пистата прошета во црно-бело палто испрскано со боја и соодветни чизми до колена.

„Бев во Париз минатиот викенд само еден ден, за да присуствувам на модна ревија во петок навечер за време на Париската модна недела! Запознав многу нови пријатели, а сретнав и стари. Повторно добив можност неколку минути да разговарам со самиот Кристијан Лубутан“, се пофали тој тогаш на Инстаграм.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Mark Bryan (@markbryan911)

 

„Не сум геј“

За себе вели дека е сосема обичен маж кој сака да носи здолништа. Откако се појави во јавноста, кај него, како што вели, не се променило многу, освен бројот на здолништа и штикли во ормарот.

Иако некои мислат дека е хомосексуалец, тој тоа го негира. Среќно е оженет, има три деца, а сопругата го сака токму таков каков што е, и му е голема поддршка. Дури му помага и при избор на модни комбинации. Неговиот стил е навистина уникатен – од половината нагоре изгледа како „вистински маж“, а од половината надолу како многу женствена жена со малку посилни, добро обликувани нозе.

„Им објаснив на децата дека мојот стил на облекување нема никаква врска со сексуалната ориентација и дека не сум геј. Ќерка ми е една од најголемите обожавателки, едвај чека да ми позајми чевли“, раскажува тој.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Mark Bryan (@markbryan911)

„Тој е нормален тип“

Се чувствувал, се сеќава, големо олеснување кога пред четири години конечно „излезе од ормарот“ и почна без срам да облекува тоа што отсекогаш сакал – здолништа и штикли.

„Толку се ослободив од предрасудите, што на работа одам во такви комбинации“, вели Марк, кој стана инспирација за многумина, мотивирајќи ги да бидат свои.

Стана голема сензација, а само на Инстаграм има над 650.000 следбеници. Додека многумина го поддржуваат, има и такви кои знаат да му упатат навредливи коментари. Во еден момент дури стана и мета на политички манипулации кога некои страни се обидоа да го прикажат како висок офицер на американската војска и член на НАТО командата, што тој не е. Освен што е роден во САД, нема други врски со американската влада.

Колегите на работа нормално го прифатиле, па велат дека Марк е „нормален тип“ кој се однесува како маж и води „машки муабети“.

Марк обожава да вози „порше“, тренира американски фудбал и смета дека облеката нема пол.

„Секогаш ми се допаѓале чевли со висока потпетица. Сè почна кога бев на колеџ пред четириесет години. Имав цимерка која беше посебен вид девојка – беше висока колку мене, но сакаше да носи штикли од 10 сантиметри, така што секогаш беше повисока од мене“, се присетува.

„Тогашната девојка ме охрабри да пробам нејзини штикли и оттогаш постојано ги носам. Ги носев со фармерки, но израснав во малечок град во западен Тексас, па не одев баш во кантри-вестерн барови со високи потпетици“, продолжува.

„Пред четири години додадов и здолништа во мојата гардероба. Моето главно поракa е дека не се чувствувам поинаку ни кога носам здолниште, ни кога носам панталони. За мене тоа е само парче облека и стил.

Нема никаква врска со сексуалност или нешто слично. Својот стил го нарекувам хибриден – пола машки, пола женски, како електричен полнеж“, објаснува тој.

Објасни и зошто сака токму здолништа, а не фустани: „Пробав да носам фустани, но од некоја причина едноставно не ми стојат. Рамената и деколтето никогаш не изгледаа како што треба, а ракавите секогаш беа прекратки“, раскажа.

„Здолништата ми овозможуваат подобро комбинирање облека и ме прават помашки над половината, а родово неутрален под неа. Во обични машки панталони немам многу можности за разновидност“, појаснува и додава дека се чувствува одлично во своите модни комбинации.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата