Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

10.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

Тие минатиот месец престојувале во Албанија и на албанското крајбрежје минале неколкудневен одмор.

„Овој остров, познат по својата природна убавина, поранешна воена база, го привлече вниманието на двојката, која планира да го трансформира во луксузно одморалиште. Островот е дел од Националниот морски парк Карабурун - Сазан и е отворен за посетители од 2015 година, додека дел од него продолжува да се чува како воена зона. За време на комунистичкиот режим, островот се користел за воена обука и операции, а сè уште е исполнет со остатоци од бункери и тунели, наведуваат медиумите.

Додаваат дека преговорите за купување на островот се воделе без знаење на албанските жители и пратениците, сè додека не бил постигнат и објавен договорот од 1,4 милијарди евра. Според извештаите, главниот предизвик за проектот е расчистување на земјиштето од неексплодирани мини и воен отпад што се наоѓа на островот.

„Идеите за трансформирање на островот во луксузно одморалиште предизвикаа загриженост кај еколошките и научните групи поради влијанието што овој проект би можел да го има врз природната и културната средина на областа. Албанците дури почнаа да го нарекуваат островот „Остров Трамп“, име што го одразува влијанието на семејството Трамп во развојот на овој огромен проект, нагласуваат медиумите.

Во подкаст, претседателот Трамп изразил ентузијазам за оваа иницијатива, нарекувајќи ја „извонредна“, но нагласувајќи дека најголемиот предизвик останува чистењето на областа и обезбедувањето безбедност за идните посетители.

Покрај Сазан, групата „Афинити“, која ги водеше преговорите, планираше проект и во Србија.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата