„Амбасадорот побара да биде разрешен од должноста во понеделник од приватни причини. Австриската министерка за надворешни работи Беате Мајнл-Рајзингер го прифати барањето“, се вели во соопштението на австриското Министерство за надворешни работи, објави Еурактив.
Мајнл-Рајзингер изјави дека дознала за обвинувањата против Оберајтер во саботата и дека прашањето е „опширно испитано“. 59-годишниот Оберајтер беше претставник на Австрија во ЕУ од 2023 година.
Austria’s EU ambassador steps aside amid sex blog whispers https://t.co/qHKNbPDDci pic.twitter.com/0VLAq6NdNM
— Euractiv (@Euractiv) July 30, 2025
Австриските медиуми објавија дека Оберајтер е автор на блог кој вклучувал графички прикази на фантастични сцени измешани со фотографии, од кои сите биле објавени до 2015 година. Тој ги негираше она што ги нарече „наводни обвинувања“.