Мелони истакна дека фокусот на посетата е размена на идеи за Планот Матеи за Африка и зајакнување на билатералната соработка меѓу двете земји.
Планот Матеи, именуван по покојниот Енрико Матеи, основач на италијанскиот енергетски гигант „Ени“, има за цел да поттикне партнерства со африканските земји во областите на земјоделството и енергетиката, пренесе Анса.
Планот вклучува иницијативи за сузбивање на илегалните миграции, што е еден од клучните приоритети на италијанската влада.