Со ова е поништен неговиот контроверзен потег од минатата недела, кога потпиша закон за кој критичарите рекоа дека ја слабее независноста на антикорупциските тела во земјата, што предизвика протести и критики од Европската Унија. Критичарите тврдеа дека новиот закон го поткопува авторитетот на Националното антикорупциско биро (НАБУ) и Специјализираното антикорупциско обвинителство (САПО), ставајќи ги под контрола на државниот обвинител.
Пратениците во Врховната Рада, украинскиот парламент во Киев, го одобрија новиот предлог на Зеленски со 331 глас „за“ и девет „воздржани“.