Велика Британија, САД, Франција и уште 11 земји ги осудуваат заканите од иранската разузнавачка служба

1.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Велика Британија, САД, Франција и уште 11 земји ги осудуваат заканите од иранската разузнавачка служба

-Обединети сме во нашето спротивставување на обидите на иранските разузнавачки служби да убиваат, киднапираат и малтретираат луѓе во Европа и Северна Америка, што е јасно кршење на нашиот суверенитет, се вели во заедничка изјава на земјите.

Владите - на Албанија, Австрија, Белгија, Канада, Чешка, Данска, Финска, Франција, Германија, Холандија, Шпанија, Шведска, Велика Британија и САД - ги повикаа иранските власти веднаш да ги прекинат овие нелегални активности.

Тие рекоа дека ваквите дела се повеќе се спроведуваат во соработка со меѓународни криминални мрежи.

Министерството за надворешни работи на Иран ги отфрли обвинувањата како „очигледни измислици и тактики на диверзија, дел од злонамерна кампања на иранофобија насочена кон вршење притисок врз иранскиот народ“.

-САД, Франција и другите земји што ја потпишаа антииранската изјава мора да бидат одговорни за поддршка и засолнување на терористички и насилни групи, што претставува кршење на меѓународното право и поддршка на тероризмот, изјави портпаролот на Министерството, Есмаил Багај, во денешното соопштение.

Од почетокот на 2022 година, Велика Британија вели дека спречила повеќе од 20 заговори поврзани со Иран за киднапирање или атентат врз лица во Велика Британија, вклучувајќи британски државјани и други што Техеран ги смета за закана.

Во октомври, медиумите објавија дека Иран стои зад бран обиди за атентати и киднапирања во Европа и САД.

Во март, британската влада објави дека ќе бара од иранската држава да ги регистрира сите активности на политичко влијание, наведувајќи го сè поагресивното однесување на разузнавачките служби на Техеран. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата