Бурата, 10-та што го погоди Виетнам оваа година, моментално е на брегот, со ветрови со брзина од над 130 км/ч. Се очекува да стигне до копното во 19:00 часот по локално време, соопшти метеоролошката служба, пренесе Ројтерс.
Државните медиуми објавија дека Дананг, најголемиот град во централен Виетнам, планира да евакуира повеќе од 210.000 луѓе. Околу 32.000 луѓе ќе бидат евакуирани од крајбрежниот град Хуе и 15.000 од градот Ха Тин.
Земјата беше погодена од моќен тајфун минатата година
Речиси 117.000 војници се мобилизирани во очекување на тајфунот. Четири национални аеродроми се затворени, а сите рибарски бродови на патот на тајфунот се повикани во пристаништето.
„Ова е многу брзо движечка бура со многу висок интензитет која влијае на широка област, способна да предизвика разни видови природни катастрофи како што се силни ветрови, поројни дождови, поплави, лизгање на земјиштето и крајбрежни поплави“, предупреди Маи Ван Кием, раководител на институтот.
Според податоците од Министерството за земјоделство, повеќе од 100 луѓе загинале или исчезнале во Виетнам во првите седум месеци од 2025 година поради природни катастрофи. Економските загуби се проценети на 21 милион долари.
Минатиот септември, Виетнам претрпе загуба од 3,3 милијарди долари поради тајфунот Јаги, кој го зафати северниот дел од земјата и однесе стотици животи.