Краус беше гостин во телевизиското студио WRGB во Албани, каде што му кажа на водителот Грег Флојд дека во август 2017 година ги задушил својот татко, Франц (92) и својата мајка, Терезија (83), пренесува Скај. Тој го нарече тоа чин на милост затоа што, рече, неговите родители станувале сè послаби и послаби.
Кога го праша водителот, Краус призна дека ги закопал на семејниот имот во Албани. „Да, ги закопав зад куќата“, одговорил тој на прашањето на Флојд. На прашањето дали ги задавил, тој рече: „Да, во основа“. Додаде дека неговите родители не побарале да бидат убиени, но дека „знаеле дека нивната состојба се влошува“. „Ја исполнив мојата должност кон моите родители. Грижата за нивното страдање беше најважна за мене“, рече Краус.
"I buried them in their property." In an interview with CBS6 Albany, Lorenz Kraus admitted to killing his parents and burying their bodies in the backyard of their family home. pic.twitter.com/KBFysfiazs
— USA TODAY (@USATODAY) September 27, 2025
Ден по интервјуто, полицијата пронашла две тела на имотот. Истрагата беше покрената откако детективите открија дека двојката со години примала социјална помош, иако никој не ги видел. Според полицијата, Краус користел родителски надоместоци за свои потреби.
„Им направив услуга“
Тој беше обвинет за две убиства и две кривични дела за прикривање на тело. Тој се изјасни за невин на судот во Албани.
Во интервјуто, Краус рече дека неговиот татко повеќе не можел да вози по операцијата на катаракта, а неговата мајка била повредена откако паднала. Но, тој не изјави дека имале опасни по живот болести. „Тие знаеја дека е крај, умираа од мојата рака“, рече тој, додавајќи: „И беше многу брзо“.
Јавната адвокатка Ребека Сокол, која го застапува Краус, рече дека интервјуто е „шокантно“, а верува дека може да биде неприфатливо како доказ на суд.
Сосетка на семејството изјави за NBC дека го забележала исчезнувањето на Франц и Терезија Краус уште во јуни 2017 година. Оттогаш, нивниот син редовно го посетувал имотот - собирал пошта, косел трева и чистел снег - но кога го прашале за неговите родители, тој тврдел дека се преселиле во Германија.