Поради сексистички реакции кон една фудбалска судијка, фудбалерот на бразилски Брагантино Густаво Маркес доби драконска казна.
Имено, по поразот од 2-1 од Сао Паоло во четвртфиналето на Паулиста лигата, дефанзивецот на Брагантино изјави дека Диан Муниз не требало да биде назначена за судија на таков натпревар. Подоцна се извини, а клубот го суспендираше на еден натпревар и го казни со 50% од платата.
Државниот спортски суд на Сао Паоло (TJD-SP) му изрече нова казна во вид на суспензија од 12 натпревари поради сексистички забелешки. Бразилецот беше казнет и со 30.000 реали (5.700 долари).

