“Комо нема да му пречи на Фабрегас ако тој сака да оди во Лондон!“

24.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
“Комо нема да му пречи на Фабрегас ако тој сака да оди во Лондон!“

Челзи и дефинитивно нема среќа со тренерите. Пред некој ден го отпушти Лиам Росениор, назначи привремен тренер а сака по секоја цена на лето да го донесе Цеск Фабрегас, стратегот на Комо кој се споменува и како нов менаџер на Арсенал за новата сезона.

А еве што на тоа велат од таборот на италијанскиот клуб.

Претседателот на италијанскиот Комо, Мирван Суварсо, изјави дека клубот нема да му застане на патот на Цеск Фабрегас доколку шпанскиот стручњак одлучи да ја прифати испразнетата позиција во Челзи и да се врати во Премиер лигата.
„Ако тоа ќе го направи среќен, тоа е негова одлука. Секој сака да ги задржи квалитетните луѓе што е можно подолго, но ние не сме негови сопственици и тој е слободен да оди во Челзи ако сака“, изјави Суварсо за „Сити АМ“.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата