Јоргос Донис е нов селектор на Саудиска Арабија за настап на Мундијалот

24.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јоргос Донис е нов селектор на Саудиска Арабија за настап на Мундијалот

Искусниот грчки стратег, Јоргос Донис е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија. Со него овој национален состав ќе настапи на претстојниот Мундијал во САД, Мексико и Канада следното лето.

Тој го наследува Ерве Ренар кој што пред извесен период доби отказ. Гркот досега го водеше тимот на Ал Кали. Тој секако дека е ставен пред сериозен рпедизвик, затоа што го презема националниот тим на оваа земја на само месец и пол пред турнирот. На истиот саудијците се во група со Уругвај, Шпанија и Зеленортски острови.

Ренар долго време беше селектор на С.Арабија, а ќе биде запаметен затоа што под негово водство во 2022 година саудијците сензационално ја победија Аргентина, која што пак потоа стана светски првак во Катар.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата