„Бомба“ и тоа каква попладнево релевантните медиуми лиферуваат како вест. Имено Бернардо Силва ова лето би можел да потпише за Реал Мадрид. Познато е дека официјално тој си оди Манчестер Сити по завршување на сезоната, па така Реал би можел да го добие Португалецот без никаква отштета.
Според најновите информации што кружат во европските фудбалски кругови, неговиот следен клуб би можел да биде славниот Реал Мадрид.
Клучна улога во потенцијалниот трансфер игра добро познатиот агент Жорже Мендеш, кој, како што е наведено, веќе ги понудил услугите на својот клиент на шпанскиот гигант.
Оваа вест доаѓа во време кога се повеќе се зборува за иднината на играчот од средниот ред, кој со години беше еден од најважните играчи на Манчестер Сити. Во случај да се оствари ова сценарио, португалскиот фудбалер би пристигнал во Мадрид како слободен агент, без обештетување.
Таквата можност ретко се пропушта, особено кога станува збор за играч од неговиот квалитет и искуство.

