Австралија до крајот на Мундијалот без двајца стартери

27.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Австралија до крајот на Мундијалот без двајца стартери

Австралија се пласираше во 1/16-финалето на СП, но таму ќе биде без двајца играчи од првиот тим. И Џејкоб Италијано и Метју Леки се надвор од теренот поради повреди, објави Фудбалската федерација на Австралија.

„Им посакуваме на Џејкоб и Метју се најдобро во нивната рехабилитација и ви благодариме за вашиот придонес во текот на финалната рунда. Ќе ни недостигате, момци“, обавија од федерацијата.

Џејкоб Италијано играше на првите два натпревари на Австралија на Светското првенство против Турција и САД, додека Метју Леки беше во акција само против Американците.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата