Трамп: Писмото што ме поврзува со Епстајн е лажно, ќе тужам

18.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп: Писмото што ме поврзува со Епстајн е лажно, ќе тужам

Весникот објави дека името на Трамп се појавува на лична порака испратена до Епстин во 2003 година, која била дел од албум по повод 50-тиот роденден на Епстин, неколку години пред против него да бидат поднесени обвиненија за сексуално злоставување.

Автентичноста на пораката не е официјално потврдена, но Трамп веднаш реагираше преку својата платформа  Трут Соушл (Truth Social).

„Вол Стрит Џурнал и Руперт Мердок беа лично предупредени дека писмото е ЛАЖНО. Ако го објават, ќе бидат тужени“, напиша Трамп.

Според информациите на  Волстрит Џурнал, писмо со потпис на Трамп било дел од албумот што Гислејн Максвел, блиска соработничка на Џефри Епстајн, го составила за 50-тиот роденден на Епстајн. Максвел, која подоцна беше осудена за сексуална трговија со деца поврзана со Епстајн, собрала писма од Трамп и десетици други лица, се наведува во извештајот. Овој албум бил меѓу документите што американското Министерство за правда ги разгледувало години подоцна за време на истрагата за Епстајн, пишува весникот.

Волстрит Џурнал наведува дека писмото, потпишано со името на Трамп, содржи неколку реда текст опкружен со контура на гола жена, која изгледа како да е нацртана рачно со дебел маркер. Весникот пишува дека писмото завршува со зборовите „Среќен роденден – и нека секој ден биде уште една прекрасна тајна“ и е потпишано со „Доналд“.

Потпретседателот Џеј Ди Ванс реагираше на сторијата на платформата X, велејќи: „Извинете ми за јазикот, но оваа приказна е целоснa и тоталнa бесмислица. WSJ треба да се срами што ја објави“.

Во одбрана на Трамп застанаа и други влијателни фигури од американската десница, кои досега инсистираа на транспарентност во случајот со Епстајн. Сега тие изјавиле дека не веруваат во приказната на Волстрит Џурнал.

Портпаролот на Волстрит Џурналl и неговата матична компанија, Dow Jones & Co, одби да ја коментира нивната сторија и заканата на Трамп со тужба.

Трамп е повеќепати фотографиран со Епстајн во текот на 1990-тите и раните 2000-ти, а неговото име се појавува и во дневниците на летовите на приватниот авион на Епстајн. Сепак, Трамп тврди дека ги прекинал контактите со Епстајн пред тој да ја призна вината во 2008 година за подведување малолетничка. Тој додалде дека не разговарале најмалку 15 години пред повторното апсење на Епстајн во 2019 година.

Трамп, кој веќе неколку пати се дистанцираше од Епстајн, пред десетина дена јавно ја бранеше главната американска обвинителка Пам Бонди од напади од дел од конзервативната јавност, кои ја обвинија дека одбива да објави нови документи од истрагата за сексуална експлоатација на деца, во која главен осомничен беше Епстајн (1953–2019). 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата