Баба од Англија се забавува со две децении помлад келнер од Гамбија: Не ја интересираат врсниците

18.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Баба од Англија се забавува со две децении помлад келнер од Гамбија: Не ја интересираат врсниците

Нeјзиното семејство не ја одобрува оваа врска и е загрижено за неа, но Зина, која е и баба, едноставно „не ги сака мажите на своја возраст“.

„Добар е, висок и згоден... Излеговме неколку пати и брзо сфатив дека тоа може да биде вистинската љубов“, откри Зина како почнала оваа необична љубовна приказна. Таа отишла на одмор во Гамбија, држава во Западна Африка, каде што во ресортот се запознала со Ебри Ма, келнер 21 година помлад од неа.

На првиот состанок тој допол со букет прекрасни цвеќиња и со тој гест ја освоил Зина. Тоа беше пред две години. За својата љубов Зина раскажува во серијалот „90 Day Fiance UK“, а неодамна беше емитувана четвртата епизода.

Разликата во години е идеална, вели Зина, бидејќи не ја привлекуваат нејзините врсници. „Не ме привлекуваат мажите во шеесеттите. Тие се ќелави и имаат големи стомаци. Тие се како кисела салата од зелка. Не ми се допаѓаат ниту младите, најмногу сакам нешто помеѓу“, искрена е таа.

Зина имала три долги врски и четири деца, како и внучиња. Но, како што велат, никогаш не е доцна за страствена љубов. Таа е среќна што конечно нашла некого, иако нејзиното семејство се сомнева во добрите намери на Ебри Ма. Сомневањата се зголемија откако откриле дека тој има профил на Фејсбук, а тој ја уверувал дека не го интересираат социјалните мрежи.

Иако таа живее во Англија, а тој во Африка, Зина постојано го дарува својот млад партнер: му купила ајфон, душек, редовно му праќа пари за родендени, празници и помош за семејството. Дала и 3.000 фунти за да започне нов бизнис и да стане таксист.

„Луѓето ми велат дека сум секс туристка, ‘виза вагина’ и слично. Не сум. Ако сакав само секс, можев тоа да го направам и во Англија. Јас сум великодушна личност и ако сметам дека на некој му требаат пари, со радост ќе помогнам“, вели таа.

Сепак, нејзината мајка, која има 95 години, не гледа ништо добро во оваа врска, а нејзината внука Тили верува дека бајковитата романса можеби е премногу добра за да биде вистинита. „Можеби има уште четири жени од страна што му пратиле пари“, велат тие. Ќерката на Зина, Зои, исто така смета дека таа не размислува правилно, но се надева дека ќе се освести на време и ќе сфати дека сите се во право.

Ебри Ма, кој исто така е дел од емисијата, изјави дека „навистина сака да дојде во Англија“, затоа што работниците во неговата земја се слабо платени. Зина ми помага и е многу љубезна кон моето семејство, вели тој. Но, не бил целосно искрен со неа. Ја уверувал дека нема социјални мрежи, но Тили малку пребарувала по интернет и открила дека Гамбијецот лажел. Зина беше шокирана и лута кога дозна за профилот.

Но тоа не е се. На листата на негови пријатели имало многу разголени жени, а во податоците за емотивен статус стоело дека Ебри Ма е слободен. „Ми беше гадно, навистина ме лажеше“, рече Зина, која откри што се случило кога по осум месеци повторно отишла кај него во Гамбија.

Ме дочека на аеродромот. Заминале во хотел што не ја импресионирал, но таа го прифатила тоа. Ја поминале ноќта заедно, а наутро таа се обидела да добие одговори на прашања што долго ја мачеле, особено за профилот на социјалните мрежи. Тој ѝ рекол дека тоа била само шега и дека го користел само еден месец.

„Зошто не го прифати моето барање за пријателство? Навистина не мислам дека е тоа смешно. Нема да губам време доаѓајќи тука и нема да ти купувам работи, додека ти всушност  се играш со мене. Јас ја сфаќам нашата врска сериозно“, рекла таа.

Расправијата се зајакна, а гледачите наскоро ќе имаат можност да видат како приказната продолжува.

Ебри Ма, кој е муслиман, често ѝ зборува на Зина како треба да се однесува, што ја нервира: „Не носи ова, не пиј тоа, особено алкохол...“. На тие забелешки таа сериозно му замерува.

Додека беа разделени, тој градел куќа, но Зина не беше задоволна кога го видела текот на работите. „Нема покрив“, забележала таа, а Ебри Ма ѝ рекол дека финансиските проблеми се главната пречка. Ќе видиме дали ќе продолжи да му помага.

(Блиц Жена)

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата