Папата ја започна мисата со обраќање на англиски јазик, велејќи дека: „Господ направи чудесни дела“.
-Помогнете ни и да си помагаме едни на други, да градиме мостовиПреку службата на Свети Петар, вие ме повикавте мене да се носам тој крст и да бидам благословен со таа мисија. Знам дека можам да се потпрам на секој од вас, да чекориме заедно како црква, како заедница на пријатели на Христос, како верници,- Папа Лав XIV.
А белиот чад од оџакот на Сикстинската капела се издигна вчера во 18:07 часот по локално време, означувајќи го изборот на 267-миот папа.
Еден час откако се појави бел чад над оџакот на капелата, папата Лав XIV излезе на балконот на базиликата „Свети Петар“, и ги поздрави десетиците илјади собрани луѓе.
Живот полн со предизвици. Вака дел од медиумите го опишаа назначувањето на американскиот кардинал Роберт Превост за нов поглавар на Римокатоличката црква, кој е прв Американец со ваква титула.
Изборот на новиот папа го поздрави и американскиот претседател Доналд Трамп, што според него е „голема чест“ за САД.
-Бевме малку изненадени, но сме многу среќни. Тоа е голема, апсолутно голема чест за САД. Да (ќе го посетам Папата). Тие веќе не поканија. Веќе разговараа со нас и ќе видиме што ќе се случи. Да се има Папа од Америка е голема чест. изјави, Доналд Трамп – претседател на САД.
Веста за изборот на Превост за нов папа предизвика воодушевување и во Јужна Америка, особено во Перу, каде што 69-годишниот Превост живеел и работел повеќе од 20 години, а пред една деценија добил и државјанство.
Превост станал кардинал во 2023 година,кога и папата Франциск го назначил за префект на Дикастеријата за епископи, влијателна позиција поврзана со изборот на епископи ширум светот.
Превост е познат по неговиот тивок стил и поддршката на реформите на неговиот претходник папата Франциск кој почина на 21 април годинава, и се залагал за социјална правда, еднаквост и поголема отвореност на Црквата.