Сопственикот на пицерија во стариот шпански кварт во Неапол, Чиро Месере, рече дека му се допаднал првиот говор на папата Лав XIV, во кој тој повика на мир и дијалог.
„Се надевам дека ќе продолжи по патот што го посочи папата Франциск, особено во однос на вниманието кон најслабите во светот“, рече тој, пренесува Анса.
🇮🇹🍕 Naples, Italy – The city honors Pope Leo XIV with a pizza named after him and nativity figurines in his likeness. pic.twitter.com/1O35HGXC7o
— West Vigil (@WestVigil) May 9, 2025
Скулпторката Џени ди Вирџилио изјави дека цела ноќ изработувала фигурини со ликот на папата, врз основа на една од фотографиите направени вчера на кои Лав XIV ги поздравува верниците.
Американскиот кардинал Роберт Френсис Превост беше избран за нов папа во четврток, на вториот ден од конклавата во Систинската капела. Папата Франциск почина на 21 април на 89-годишна возраст.