Возел пребрзо во населено место и добил казна од која секој од нас би се онесвестил.
Обвинителот немал дилема
Жителот на Лозана, чие богатство се проценува на неколку стотици милиони евра и кој е на листата на 300 најбогати луѓе во земјата, бил фатен како вози со 77 км/ч на делница каде што ограничувањето на брзината е 50 км/ч, објавува 24hures.
Судските органи немале дилема при одредувањето на казната. Обвинителот ја пресметал условната казна согласно законот - 40 дена затвор, во износ од 2.060 евра на ден, како и еднократна парична казна од 10.300 евра.
Значи, 82.400 евра плус 10.300 евра се еднакви на - 92.700 евра!
Не му е прв пат
Локалните медиуми објавуваат дека ова не е прв пат да биде казнет за пребрзо возење. Пред осум години, тој бил казнет со 61.800 евра, плус еднократна казна од 10.300 евра.
Портпаролот на јавното обвинителство, Винсент Деруен, објаснува дека санкциите во Швајцарија се одредуваат врз основа на личната и финансиската состојба на сторителот:
„Судијата ја одредува висината на дневната казна, која се движи од минимум 31 до максимум 3.090 евра, земајќи ги предвид приходите, имотот, начинот на живот, семејните обврски и егзистенцијалните потреби“, рече тој.
На овој начин, судскиот систем се обидува да обезбеди еднаквост пред законот - бидејќи казна од 300 евра за обичен граѓанин и казна од 82.000 евра за мултимилионер можат да имаат ист ефект на одвраќање.