Емоционалната манипулација не мора секогаш да е очигледна, но нејзините влијанија може да остават длабоки последици.
Психолозите предупредуваат дека некои модели на однесување може да укажуваат на сериозни проблеми во врската, особено кога едниот од партнерите ги користи чувствата како средство за контрола.
Тини Феј е советник за односи која укажува на кои сигнали да обрнете внимание за да препознаете емоционална манипулација.
Улогата на жртва како оружје
Кога нема да успее да ви предизвика вина преку директни критики, манипулаторот најчесто ја презема улогата на жртва.
Почнува да се однесува како тој да е повредениот, несфатениот, занемарениот, обидувајќи се да предизвика емпатија и да ја врати контролата над ситуацијата – објаснува Феј.
Ваквиот пристап несвесно ве става во позиција да чувствувате одговорност за неговите емоции дури и кога објективно не сте одговорни.
Префрлување вина
Еден од класичните показатели на манипулација е кога партнерот никогаш не презема одговорност за своите постапки. Наместо тоа, ве обвинува.
Оваа тактика ве става во одбранбена позиција додека манипулаторот останува со чисти раце – вели советничката.
Со тек на време, ова може да доведе да се посомневате во сопствениот разум и до потребата постојано да се извинувате за работи што не сте ги направиле.
Тивок третман како казна
Игнорирање на пораките, одбивање на контакт и однесување како да не постоите е честа стратегија на емоционалните партнери.
-Тишината не е случајна, тоа е начин да ви предизвика чувство на вина и тешкотија – истакнува Геј.
Ваквиот вид емоционална дистанца се користи како облик за казнување и често ве принудува да преземете сè за да ја „поправите“ ситуацијата.
Неприроден контакт со очи
Спротивно од врежаното мислење, манипулаторите честопати не избегнуваат контакт со очи, туку го користат претерано.
Упорно ве гледаат во очи за да делуваат искрено, додека всушност ги прикриваат намерите – предупредува оваа советничка за односи.
Интензивниот поглед може да ве натера да се посомневате во сопствената проценка и да му верувате повеќе отколку себеси.
Неискрени изрази на лицето
На прв поглед делува љубезно, но нивните изрази не одговараат на емоциите кои наводно ги чувствуваат.
Насмевката која не допира до очите или вкочанет израз без топлина може да бидат знаци дека некој се обидува да ве залаже – напоменува советничката.
Оваа емоционална несинхронизираност создава чувство на непријатност и несигурност, но често не умееме веднаш да објасниме зошто.
Иако индивидуално овие однесувања не мора нужно да значат дека имате работа со манипулатор, но ако се повторуваат и се јавуваат во комбинација, советничката за односи вели да си ја послушате интуицијата.
Поставете граници, разговарајте за проблемите и, ако е потребно, побарајте стручна помош – заклучува таа.