Околу 9.000 Американци го напуштиле Блискиот Исток, од кои 300 од Израел

4.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Околу 9.000 Американци го напуштиле Блискиот Исток, од кои 300 од Израел

„Во текот на изминатите неколку дена, повеќе од 9.000 американски граѓани безбедно се вратија од Блискиот Исток, вклучувајќи повеќе од 300 од нив од Израел“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Со организирани чартер летови патниците беа евакуирани од Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Јордан, се додава во соопштението.

Стејт департментот во понеделникот ги повика Американците низ Блискиот Исток, од Египет кон исток, да го напуштат регионот преку комерцијални патишта, иако аеродромите се затворени или работат под строги ограничувања во поголемиот дел од регионот.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата