Наталитетот во Јапонија лани на рекордно ниско ниво

26.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Наталитетот во Јапонија лани на рекордно ниско ниво

 Оваа бројка ја означува 10-тата година по ред со рекордно ниска бројка - соопшти тамошното Министерство за здравство.

Во споредба со претходната година, стапката на наталитет падна за 2,1 отсто, што ги одразува стареењето на населението во Јапонија и вознемиреноста и одгледувањето деца поради повисоките трошоци за живот. Додека намалувањето на наталитетот во текот на годините продолжи, стручњаците велат дека темпото на намалување се забавило во споредба со претходната година. Се верува дека промените во општествените норми, како што е стапувањето во брак подоцна или, пак, живот без брак и деца, исто така играат клучна улога во трендот.

Намалувањето на раѓањата е придружено со природен пад на бројот на население, каде што смртните случаи ја надминуваат бројката на раѓања. Според првичните податоци од надлежното Министерство, бројката на морталитетот е рекордната 899.845.

Националниот институт за истражувања за населението и социјалната сигурност предвидува дека бројката на родени, вклучувајќи ги и странските државјани во Јапонија, нема да падне под 710.000 до 2042 година, пренесе „Танјуг“. Според претходните податоци од 2024, бројката на бебиња родени од јапонски државјани тогаш паднала под 700.000, што е исто така првпат во историјата.  

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата