Најдобриот директор направи спектакл за работниците: Донесе 22 милиони евра на маса и им рече да си однесат дома колку што можат

1.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најдобриот директор направи спектакл за работниците: Донесе 22 милиони евра на маса и им рече да си однесат дома колку што можат

Кинеска компанија им приреди на своите вработени необична прослава за крајот на годината.наместо слатки и јадење на масите им ставил пари.

Според милиони рабоитници, најдобриот директор на светот им приредил вистински спектакл на своите вработени. Тој на една стотици маси ставил дури 26 милиони долари и на своите работници им рекол дека парите може да ги понесат дома, онолку по колку ќе може да понесат.

Станува збор за компанијата „Henan Kuangshan Crane Co. Ltd.“, која ја одржа својата годишна забава на 13 февруари и распореди огромни купови банкноти на 800 маси, објавуваат кинеските медиуми.

Проценките велат дека на прославата имало околу 7.000 луѓе. Според корејскиот весник Chosun Daily, еден вработен успеал да однесе дома дури 13.000 долари (околу 11.000 евра). Директорот на компанијата, Цуи Пејџун, објасни зошто решил да го направи овој потег.

Цуи, која поседува 98,88 проценти од акциите на компанијата, е позната по враќањето на голем дел од дивидендите на вработените. Компанијата, основана во 2002 година, се занимава со производство и изнајмување кранови и работи во повеќе од 130 земји.

Во 2024 година, оствари нето добивка од 38 милиони долари, од кои околу 24 милиони долари им биле распределени на вработените. Една година претходно, во 2023 година, компанијата ги награди своите 40 најдобри работници со 8,5 милиони долари, при што тројцата најдобри продавачи добиле по 730.000 долари.

Минатиот март, по повод Меѓународниот ден на жената, на речиси 2.000 жени кои работат во неговата компанија им биле доделени речиси 230.000 долари бонуси.

„Во претходните години, подарувавме ѓердани и прстени. Зошто да делиме машини за перење? Донесете пари и дајте им на сите“, наводно рекол тој за време на гала вечерата, додавајќи:

„Некои се прашуваат зошто не им ги уплаќаме парите на сметките, а потоа тоа би биле само ладни бројки“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата