На велосипед во сеќавање на жртвите и за поддршка на повредените во Пулс

15.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На велосипед во сеќавање на жртвите и за поддршка на повредените во Пулс

Учествуваа неколку стотици велосипедисти и рекреативци од Кочани и од други градови, кои на овој начин  оддадоа почит и  испратија порака на солидарност и сеќавање на жртвите.

Со една од групите на велосипед беше кочанскиот градоначалник Влатко Грозданов. Од Паркот на Револуцијата велосипедистите се упатија кон Оризари, пошто поминаа низ Прибачево, Грдовци, Мојанци, Подлог и покрај местото на трагичниот настан – „Пулс“, по што турата  заврши повторно во Паркот на Револуцијата.

Настанот е дел од тридневната  програма за одбележување на годишнината од трагичниот пожар во кој животот го загубија 63 млади лица, а над 200 се повредени. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата