Германија: Стотици илјади млади луѓе зависни од социјалните мрежи

17.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германија: Стотици илјади млади луѓе зависни од социјалните мрежи

Зависното однесување е во пораст, според податоците на осигурителната компанија „ДАК-Гезундхајт“ (DAK-Gesundheit), јави ДПА.

Минатата есен, 21,5 отсто од анкетираните пројавиле ризична употреба на социјалните мрежи - во споредба со 21,1 отсто во септември - октомври 2024 година. Кога станува збор за консумирање онлајн-видеа, 21,4 отсто консумираат ризична количина, во споредба со 13,4 отсто една година претходно. Испитувањата покажа декаа 6,6 отсто од корисниците на социјалните мрежи и четири отсто од корисниците на видеа се „зависни“. Ова значи дека околу 350.000 деца и млади луѓе ги користат социјалните медиуми на „патолошки“ начин, според наводите. Претседателот на „ДАК-Гезундхајт“, Андреас Шторм, сепак го нарече овој развој загрижувачки.

- Мораме брзо да дејствуваме сега за да ги заштитиме и зајакнеме нашите деца. Самото воведување ограничувања на возраста не е доволно - потребна е и поголема обука за медиумска писменост, изјави Шторм.

Испитувањата покажаа дека децата и младите лица во Германија ги користат социјалните мрежи, во просек - 2,7 часа во нормален работен ден и 3,3 часа дневно за време на викендот. Затоа, Владата на Германија бара начини да го ограничи пристапот на децата до социјалните медиуми.

Комбинацијата од оние кои се изложени на ризик и оние кои се зависни, значи дека во просек, повеќе од едно од четири деца или млади лица во Германија ги користат социјалните медиуми на нездрав начин.

За да бидат оценети како патолошки, медиумите мора да се користат прекумерно, т.е. употребата да трае подолго од предвиденото или дозволеното и ако има негативни последици во други области. Овие несакани влијанија вклучуваат доцнење на училиште, пониски оценки, нарушувања во спиењето и други симптоми што укажуваат на губење на контролата. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата