Света Ана била ќерка на свештеникот Метан од Левиевото племе и Марија од Витлеем. Родителите на Ана имале уште две ќерки – Марија и Совија. Марија ја родила Саломија, а Совија – Јелисавета, која подоцна го родила Свети Јован Крстител.
Ана со својот маж Јоаким живеела 50 години без деца, а потоа, во поодмината возраст, ја родила Марија, Пресвета Богородица. Според преданието, Јоаким со години бил скршен поради тоа што со Ана немаат пород, па еднаш отишол во пустина каде што тагувал со денови. Еден ден му се појавил ангел кој му рекол дека Бог ќе го благослови со дете, а потоа истиот ангел ѝ се појавил и на Ана и ѝ ја кажал истата вест.
Пресреќни, Ана и Јоаким му ветија на Бога дека ќе го посветат детето на храмот. Така, тие станаа родители на Пресвета Богородица, која ја одгледувале до нејзината трета година, а потоа го исполнија своето ветување и ја одведоа во храмот каде што живеела до својата 12-та година, кога се свршила со Јосиф.
И Света Ана, во длабока старост, ја родила својата ќерка и ѝ го дала името Марија. Поради тоа, денес се смета за заштитничка на жените и донесувачка на брачна среќа.