Пчеларите од охридскиот регион ќе ги изложат своите производи, а потрошувачите ќе можат да ги дегустираат различните вкусови и специфичности на охридскиот мед.
- Ги очекуваме сите љубители на пчелни производи, сите љубители на природата, дечињата и сите добронамерни посетители, посочуваат членовите на пчеларското здружение „Охрид“.
Фестивалот ќе се одржува денеска и утре на плоштадот „Крушевска република“ од 16 часот.