Денес е Блажена Марија: Сите жени треба да направат една работа — се верува дека светицата ќе им донесе мир и благосостојба

4.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Денес е Блажена Марија: Сите жени треба да направат една работа — се верува дека светицата ќе им донесе мир и благосостојба

Мироносица рамноапостолна. Родум од местото Магдала крај Генисаретското Езеро, од племето Исахарово. Претходно мачена од седум зли дуохови, од кои ја ослободил Господ Исус Христос и ја направи здрава. Верна следбеничка и служителка на Господа за време на Неговиот земен живот. Стоела под Крстот на Голгота заедно со Пресвета Богородица и тагувала горко.

По смртта на Господа трипати го посетила Неговиот гроб. Кога Господ воскреснал, таа Го видела двапати: еднаш додека била сама, а вториот пат заедно со останатите жени Мироносици. Отпатувала во Рим, излегла пред кесарот Тибериј и предавајќи му црвено обоено јајце го поздравила со зборовите: „Христос воскресна!“ Тогаш пред кесарот го обвинила Пилат за неправедната осуда на Господа Исуса. Кесарот го примил нејзиното обвинение и го преместил Пилат од Палестина во Галија, каде овој неправеден судија и завршил, во царска немилост и во тешка болест.

Потоа од Рим се вратила во Ефес кај Св. Јован Богослов, на кого му помагала во делото на проповедањето на Евангелието. Со огромна љубов кон воскреснатиот Господ и со голема ревност му го јавуваше на светот Евангелието, како вистински Христов апостол. Се упокоила мирно во Ефес и според Преданието погребана е во истата пештера во која биле чудотворно успиени во стогодишен сон Седумте отроци, потоа оживеани, па повторно умрени (4 август). Моштите на Света Марија Магдалина подоцна се пренесени во Цариград. Во близина на Гетсиманската градина се наоѓа прекрасен руски храм кој и е посветен на оваа светителка.

Во младоста била грешница

Бидејќи според заслугите во одбраната на христијанството е рамна на апостолите Марија Магдалена е наречена рамноапостолна. Таа е родена во Сирија во близината на градот Магдала, поради што е наречена Магдалина. Во младоста била грешница, од што на прав пат ја извел Исус, а таа оттогаш станала негова верна ученичка. Во Светото евангелие според Марко се вели дека Исус од неа истерал седум бесови и целосно ја изцелил од болеста од која страдала: „А Исус кога воскресна во првиот ден од седмицата, ѝ се јави најпрвин на Марија Магдалина, од која беше истерал седум демони“. (Марко 16:9)

Присуствувала на поважните моменти од неговиот живот особено последните денови, присуствувала на распнувањето на Голгота и страдала заедно со мајка му Богородица. Видела и кога го положиле во гробот.

По воскреснувањето Исус најпрвин ѝ се јавил нејзе. По Воскресението со Пресвета Богородица и со апостолите живеела во постојана молитва и била сведок на првите успеси на христијанското учење во Еруалим.

Потоа пристигнала во Рим и на царот Тибериј подавајќи му црвено јајце му ја соопштила веста за Христовата судбина и за воскреснувањето. Му се обратила со зборовите: „Христос воскресе“, и со тоа му соопштила за распнувањето и воскреснувањето на Исус. Во исто време го обвинила Понтије Пилат дека иако можел не го заштитил праведниот Исус. Тоа било причина царот да го повлече Пилат и да го испрати по казна на служба во Алипите каде што во царска немилост го завршил животот. По овој пример останал обичај христијаните да си подаруваат црвени јајца и да си го честитаат празникот Велигден со зборовите „Христос воскресе“.

Подоцна Марија Магдалина дошла во Ефес каде што му помагала на Јован Богослов во проповедањето на Христовата вера. Тука и умрела, и била погребана, а подоцна во 5 век нејзините мошти од Ефес биле пренесени во Цариград. Светата Христова црква споменот на нејзиното име го празнува на 4 август според новиот, односно на 22 јули според стариот календар.

Обичаи и верувања

Врежано е верувањето дека блага марија, заедно со свети илија и огнена марија, спаѓа во редот на најголемите летни светци — оние бурни, лути и „огнени“, кои ја палат земјата со оган и громови, како знак на опомена или казна доколку некој им се замери.

Денешниот ден не е запишан со црвени букви во црковниот календар, ама не треба да се работи ништо по дома или на поле, за да не се навреди светицата. постои обичај на овој празник жените да замислат желба, да запалат свеќа и да ѝ се помолат. блага марија сигурно нема да ги одбие.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата