Меѓу нив, според наводите, има околу 13.000 татковци кои не плаќаат алиментација, што предизвика посебно внимание во јавноста.
Министерката за национална безбедност на Аргентина, Алехандра Монтеолива, пред настапот на аргентинската репрезентација на Светското првенство, ја проследила базата на податоци до Министерството за внатрешна безбедност на САД, ФБИ и други меѓународни безбедносни агенции, пишува „Њујорк пост“.
Оние кои не плаќаат алиментација веќе нема да смеат да влегуваат на стадионите“, рече Монтеолива.
„Ако не ги исполните обврските, ќе останете надвор од стадионот.
Листата е составена врз основа на аргентинската база на податоци „Tribuna Segura“ (Безбедна трибина), програма која започна во Буенос Аирес во 2016 година, а потоа официјално се прошири на национално ниво.
Системот работи со скенирање на лични документи на влезовите на стадионите, со цел да се идентификуваат лица за кои се издадени налози или на кои им е забранет влез во спортски настани од други причини.
Така, илјадници родители кои избегнуваат да плаќаат алиментација беа додадени во базата на податоци на 13 мај, додека аргентинската влада го проследи списокот до американските институции на 11 јуни.
Додека „Tribuna Segura“ со години се спроведува во Аргентина, во САД нема сличен систем на национално ниво, но некои експерти сметаат дека таков модел би можел да биде корисен.
„Мислам дека тоа е вредна алатка“, рече Мајкл Алказар, поранешен детектив на Њујоршката полиција и професор на колеџот Џон Џеј.
„Луѓето имаат тенденција да бидат опуштени на спортските настани и веројатно на тој начин би можеле да идентификувате и апсите многу криминалци, сè додека правосудниот систем се согласува“.
Според аргентинските власти, благодарение на системот „Трибуна Сегура“, во периодот од 2023 до 2025 година, на повеќе од 1.300 натпревари биле идентификувани повеќе од 1.100 лица со активни налози.

