Шон Најт Николсон (29), внукот на холивудскиот глумец Џек Николсон, беше уапсен на 5 август, откако неговата сопруга го пријавила дека ја нападнал. Шон беше уапсен и задржан во притвор пет часа пред да биде пуштен со кауција од 50.000 долари. Неговото следно појавување пред суд, по обвиненијата за семејно насилство и злоупотреба, е закажано за 26 август, според судските документи, пишува британскиот „Сан“.
Портпаролот на полициската управа на ЛА (LAPD) изјавил дека фотографија од внукот на филмската ѕвезда нема да биде објавена. LAPD не бил достапен за дополнителни коментари, додека самиот Шон не одговорил на барањето за изјава од порталот „Page Six“.
На својот личен Инстаграм профил, Шон се претставува како музички продуцент специјализиран за „хорор композиции, експериментална клубска музика, хардкор, црн амбиент и фонк“, но и како „покровител на мрачната уметност“. Многу од неговите објави го прикажуваат во мрачен, готски стил, со црн лак на ноктите и очила за сонце.
Шон е син на најстарата ќерка на Џек Николсон, Џенифер Николсон, која овој оскаровец ја доби со поранешната сопруга Сандра Најт. Иако Џенифер беше мажена за таткото на Шон, Марк Норфлит, од 1997 до 2003 година, тој и понатаму јавно го користи презимето Николсон.
Џек Николсон (88) има вкупно шест деца од различни врски: Калеб Годард и Џенифер со Сандра Најт, Хани Холман со манекенката Вини Холман, Лорен и Реј Николсон со актерката Ребека Брусар, и Теса Гурин со Џени Гурин, која тој јавно не ја признал.
Реј, синот на холивудската легенда, тргна по стапките на својот татко и во 2022 година се појави во филмот „Something from Tiffany’s“ со Зои Доич. Шон, кој како диџеј го користи уметничкото име „Kater Matok“, повремено е фотографиран на јавни настани заедно со својот дедо.